вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна МАГАЗИН ЗАБАВА

(ФОТО) ,,Жешка” фотосесија на фолк пејачката Ирена Вељовска со јастребот Хари

Епов Насе ✏️ Епов Насе
август 2, 2020
📁 ЗАБАВА, МАГАЗИН
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Една од нашите најпопуларни фолк-пејачки, Ирена Вељовска, деновиве направи жешка фотосесија за рекламирање на неколку парчиња облека.
За атмосферата да биде уште поегзотична, придружба на Ирена и’ правеше јастребот Хари, припадник на сортата Харисон што влече потекло од Јужна Америка.

Во врска со оваа фотосесија, ексклузивно за ,,Јави се јужна”, Ирена одговори на неколку прашања.

  1. Која беше целта и намената на оваа фотосесија?
  • Неизбежно беше едно мало освежување на мојот профил и како дама и како јавна личност. Посакав да направам нешто природно и исклучително моќно. Пробав да ја претставам жената како кралица на слободата и убавиот шарм. И… Сето тоа преплетено со волшебните крилја на една птица грабливка. Тоа сме ние жените – слободни, своеглави, воздржани, недостижни, елегантни, природни, свои…
  1. Како дојдовте до идеја да го вклучите јастребот Хари во вашата фотосесија и до контакт со соколарот Трајче Китановски?
  • Идејата се создаде сама по себе. Долго време размислував за овој проект. Ниту шминката, ниту облеката, ниту ноктите не беа случаен избор. Секој посебен дел го влечеше со себе оној… нареден. Се нижеа убави емоции, амбиент и сè што е потребно за одлични резултати. А како дојдов до контакт со Трајче, е одлична приказна која ќе ја оставам за некоја наредна прилика.
  1. Судејќи по фотографиите, имаме впечаток дека се познавате со јастребот подолго време. Дали претходно имавте некоја обука или има други фактори што се одговорни за вашата природност во присуство на птицата?
  • Хахаха, одличен впечаток. Не се познававме претходно и на почетокот имав некоја блага трема, но за кратко време сфатив дека најважно е тој да ја осети мојата љубов и топлина. Исто како со нас жените. Хахха внимателно му се додворував, ја почитував секоја негова одлука, бев трпелива, се опуштив и уживав во неговото друштво. Зарем не е така и во реалниот живот?

Освен Ирена, на неколку прашања ни одговори и соколарот Трајче Китановски.

  1. Чија беше идејата за локацијата на фотосесијата?
  • Локацијата на фотосесијата беше оставена на мене, веројатно дека Ирена и останатиот дел од екипата знаеја дека јас секојдневно ги крстосувам нашите шуми и планини. Штом Ирена ми ја презентира целокупната нејзина замисла околу фотосесијата, јас веднаш знаев дека тоа мора да се случи во шумата во Волково, каде од една страна е прекрасно распространетото поле, а од друга страна густа борова шума.
  1. Според Вас, дали Ирена добро се снајде во придружба на јастребот, имајќи во предвид дека претходно немала такво искуство?
  • Да, прво искуство и’ беше од ваков карактер и морам да признаам, пријатно ме изненади во позитивна смисла на зборот. Ги следеше низ цела фотосесија моите инструкции со примеси на нејзината грациозност и префинетост на крајот се покажа како добитна комбинација. Познавајќи ја Ирена дека е авантурист знаев дека со Хари ќе се сложуваат.
Tags: ВељовскаЈастребФотографии
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Крикет: Англија по вторпат ја порази Ирска во тековната серија

Следна вест

Ф1: Хамилтон со три гуми до победата во Силверстон

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА: НАШИТЕ МЛАДИ ТАНЧЕРИ СЕ ИСКАЧИЈА НА САМИОТ ВРВ НА ЕВРОПА!
МАГАЗИН

ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА: НАШИТЕ МЛАДИ ТАНЧЕРИ СЕ ИСКАЧИЈА НА САМИОТ ВРВ НА ЕВРОПА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Окт/2026
Стружанката Мила Бојческа ја доби наградата “ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ” за најдобар млад поет
МАГАЗИН

Стружанката Мила Бојческа ја доби наградата “ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ” за најдобар млад поет

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
26/Јул/2026
ЗАПОЧНУВА ЈУБИЛЕЈНОТО 65-ТО ИЗДАНИЕ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА
МАГАЗИН

ЗАПОЧНУВА ЈУБИЛЕЈНОТО 65-ТО ИЗДАНИЕ НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Јун/2026
Македонска победа на “Zvezde Granda”! Прв Бојан Илиевски, втора Мирјана Митрева
ЗАБАВА

Македонска победа на “Zvezde Granda”! Прв Бојан Илиевски, втора Мирјана Митрева

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
21/Јун/2026
Следна вест

Ф1: Хамилтон со три гуми до победата во Силверстон

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.