вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна ГАЛЕРИИ

(Галерија) Залив на Коските – Охрид

Марјан Туртуров ✏️ Марјан Туртуров
јули 23, 2020
📁 ГАЛЕРИИ
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Залив на Коските — залив во Охридското Езеро и археолошко наоѓалиште на праисториска наколна населба од доцнобронзеното и раножелезното време. Сместен е до полуостровот и автокампот Градиште, меѓу селата Пештани и Трпејца. Длабок е 3 до 5 метри. Местото е наречено „Плоча Миќов Град“ и денес има реконструкција на наколните живеалишта (Музеј на вода „Залив на Коските“) и платформи, како и свој посетителски центар со изложбен простор за наодите. Над него се издига обновено римско утврдување (каструм) со воени објекти од тоа време, во наоѓалиштето наречено Градиште.

Најблискиот колец од вкупно 6.000 откриени е на 12 метри во езерото, со што се претпоставува дека е тоа колец од мостот што ја спојувал населбата. Се претпоставува дека се простирала на платформа од околу 8.500 м2, а на неа имало можеби и 60-ина живеалишта. На местото се откриени многу остатоци од орудија, предмети од керамика, дрво, од камен и делови од животни како еленски рогови.

Наколните населби биле градови правени на платформи, кои стоеле на дрвени колци забодени на дното на езерото. На тие наколни платформи се наоѓале куќите на праисториските луѓе, кои со подвижен мост биле споени со брегот. Жителите на овие населби се занимавале најмногу со риболов, но и со земјоделство и лов. На ова укажуваат разните садови и предмети од керамика и камен пронајдени и на суво и под вода.

Tags: Залив на коскитемакедонијаОхрид
ShareTweet
Претходна вест

Прво електрично возило од Škoda!

Следна вест

(Видео) Ливерпул чекаше, чекаше и дочека!

Марјан Туртуров

Марјан Туртуров

Слични вести

Вевчански Карневал 2026 (Фотогалерија)
ГАЛЕРИИ

Вевчански Карневал 2026 (Фотогалерија)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
13/Јан/2026
Струга доби нова прекрасно уредена плажа “Niki Beach 2025” (Галерија)
ГАЛЕРИИ

Струга доби нова прекрасно уредена плажа “Niki Beach 2025” (Галерија)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
06/Јул/2025
Македонија и Естонија низ објективот на стружанецот Дарко Матоски – Пенка (Галерија)
ГАЛЕРИИ

Македонија и Естонија низ објективот на стружанецот Дарко Матоски – Пенка (Галерија)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
13/Ное/2024
Најзгодната навивачка на Полска е присутна и на ЕУРО 2024 (Галерија)
ГАЛЕРИИ

Најзгодната навивачка на Полска е присутна и на ЕУРО 2024 (Галерија)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
19/Јун/2024
Следна вест

(Видео) Ливерпул чекаше, чекаше и дочека!

Последно

Шампионот МЗТ надигран во градското дерби против Работнички

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.