Ливерпул и официјално го доби пехарот наменет за најдобриот тим во Англија, за сезоната 2019/20. По пауза од 30 години, трофејот блесна на „Енфилд роуд“, но ниту еден навивач немаше на трибините да се израдува на овој успех.
Поради пандемијата со Коронавирусот, мечевите во Англија се играа без публика, па така фудбалерите на Ливерпул сами мораа да се радуваат на големиот успех.

Џордан Хендерсон е човекот кој прв го крена трофејот по цели три децении чекање.