Со новиот Enyaq IV Škoda презема голем чекор во спроведувањето на својата стратегија за електромобилност. Потполно електричното спортско-корисно возило е првото кое доаѓа со знак на Чешкиот член на групацијата VW кое се заснова на модуларната платформа за електрификација.
Објавената фотографија на силуетата на возилото само ја подгрева јавноста за најважниот нов модел оваа година. Како што сме навикнале од производите на Škoda електричниот Enyaq ќе располага со просторност, емотивен дизајн и добро балансирани пропорции кои ќе бидат во склад со возните својства.
Силуетата открива дека новото електрично спортско-корисно возило ќе располага со сличен внатрешен простор како големиот Kodiaq иако ќе биде пократко од должината на Octavia. Škoda Enyaq IV ќе има избор на погон на задните или на сите тркала, три големини на батериите и пет нивоа на сила. Ќе може брзо да се полни на станици со сила од 125 kW, а ќе има автономија од 500 километри според WLTP циклусот.

Повеќе детали како и фотографии очекуваме наскоро, пред официјално закажаната премиера која ќе се одржи на 01. септември во Млада Болеслав.