Кардиф Сити и Лидс Јунајтед го одиграа последниот натпревар од 38. коло од овогодинешната Чемпионшип сезона.
На „Кардиф Сити Стадиум“, домашната екипа успеа да дојде до победата и тоа со резултат од 2-0. Лидс напаѓаше и ја имаше иницијативата во поголемиот дел од натпреварот, но недостасуваше само успешната реализација. Кардиф постигна по еден гол во двете полувремиња односно Јуниор Хоилет во 36. и Роберт Глатцел во 72. минута.
Со оваа победа, екипата од Велс дојде на седмата позиција и се израмни со шестопласираниот Престон со по 57 освоени поени, а за преземање на шестото место ѝ е потребен само еден гол. Од друга страна, Лидс остана на второто место со ист број на поени како првопласирнаиот ВБА и седум поени предност во однос на третопласираниот Фулам.



