Екстра трексерска дологоденица имавме во текот на вчерашниот ден. Неколку наши членови на две локации имаа интересни потфати вредни за споменување:
Sanja Nikolovska Najdovski направи успешен обид за прв женски Еверестинг во Македонија на истата патека како и минатогодишниот прв тркачки Еверестинг на Marjan Bonev.
Сања успеа да ја искачи патеката ”Димитар-Цветкова” само 19 пати 🙂 во севкупно времетраење од 18:32:47. Ова резултираше со искачени над 9000 висински метри што е идејата на Еверестингот *читајте повеќе тука – https://everesting.cc/ Подвигот започна некаде во 4 часот наутро а заврши во 22:30 навечер на 20.06.2020.
Најголемиот дел од спуштањата беа направени со Specialized Bicycles Levo e-bike што овозможи полесно качување за логистичката поддршка со оглед на нефункционирањето на жичницата. Благодарност до Prosport Skopje за поддршката.
Останува да почекаме за финална евалуација од Hells 500.
страва линк Еверестинг – https://www.strava.com/activities/3645658122
—
На жешкиот исток, пак, штипската Трекс екипа составена од Жикица Ивановски и Darko Roglev направи свој потфат на ридот Калисибери со вкупно 17 повторувања.
Идејата беше да се направат што повеќе повторувања на една иста делница, највисокиот рид во околината на Штип во времетраење на долгоденицата – од изгрејсонце до зајдисонце.
Дечките успеаја да изминат одлични 73км со 5600 метри висинско искачување за 15:21:15.
Во овие два интересни потфати воедно би сакале да ги прикажеме феноменалните технички маички кои заедно со Scout Outdoor Shop ќе ги обезбедиме за сите учесници на Ohrid Ultra Trail – трка која ќе се одржи од 18-20 Септември на падините на National Park Galicica.
Страва линк од штипјани – https://www.strava.com/activities/3645230324
Двете активности беа проследени и помогнати од некои од членовите на TREX – Trail Running Extreme. Уживајте во фотките.
Извор: TREX – Trail Running Extreme