Квалификацискиот натпревар помеѓу Македонија и Европскиот шампион Шпанија до У-21 е закажан за 3. септември и ќе се одигра во Скопје. Шпанија има максимален ефект од пет победи од исто толку натпревари, а Македонија во четири средби има учинок од две победи и по еден пораз и нерешен резултат. Во групата 6 освен Шпанија и Македонија се и Израел, Фарски Острови, Казакстан и Црна Гора.



