Последниот натпревар од четвртото коло во овогодинешната НРЛ сезона го одиграа Голд Коуст Титанс и Вестс Тигерс на „Санкорп Стадиум“ во Бризбејн.
„Титаните“ во пресрет на натпреварот имаа учинок од три порази така што и денес беа сметани за аутсајдери. Сепак, успеаја да ја запишат првата победа сезонава откако славеа со 28-23. За „Тигрите“, ова беше втор пораз сезонава.
Вестс Тигерс одлично го започнаа натпреварот со серија од 0-12 по првите петнаесет минути. Поентери беа Доуеихи и Нофоалума преку есеј односно Маршал преку две конверзии. До крајот на полувремето, Голд Коуст возврати на ист начин со есеите на Проктор и Дон и конверзиите на Тејлор.
Во воведните дваесет минути од вториот дел, Вестс направија серија од 0-10 преку вториот есеј на Нофоалума и првиот на Леилуа придружени со третата успешна конверзија на Маршал. Во периодот од 59. до 80. минута, Голд Коуст ја консолидира својата игра и ја направи победничката серија од 16-1. Единствениот поен за Вестс го постигна Маршал преку дроп-гол, додека Голд Коуст запиша три есеи кои беа дело на Хипгрејв, Кели и Сами и две конверзии на Тејлор.
Со оваа победа, Титанс избија на четиринаесеттото место на табелата, додека Вестс паднаа на деветтата позиција.
Хајлајтс од натпреварот: https://www.nrl.com/tv/news/match-highlights-titans-v-wests-tigers-1069539/



