Вардар денеска го реши горчливото прашање и решението за плејмејкер го најде во редовите на ППД Загреб и ракометарот Анте Гаџа кој потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на дополнителна една сезона ако и двете страни се задоволни.
Гаџа настапуваше за Нексе Нашице, а потоа премина во редовите на загребскиот гигант и од неодамна е и хрватски репрезентативец. Овој ракометар има многу да понуди и изминативе сезони имаше одлични партии. Сега кога го нема Скубе, Вардар најде идеална замена на оваа позиција.



