8 мај 2013 засекогаш ќе остане тажен датум за навивачите на Манчестер Јунајтед. Имено, токму на денешен ден во 2013, легендарниот тренер на „Црвените ѓаволи“, Сер Алекс Фергусон, официјално изјави дека ќе се пензионира на крајот од сезоната (2012/13).
Фергусон беше тренер на Манчестер Јунајтед од 1986 до 2013, период во којшто освои огромен број на трофеи. Фергусон важи за тренер со најмногу освоени трофеи во историјата на фудбалот, а со „Црвените ѓаволи“ избори дури 895 победи. Како споредба со овој број, слободно може да се наведе дека градскиот ривал, Манчестер Сити, има одиграно вкупно 876 натпревари во Премиер Лигата.
Последниот натпревар на Фергусон како тренер на Јунајтед беше одигран на 19 мај, на „Хоторнс“, во Вест Бромвич. Овој дуел заврши со неверојатни 5-5, а Манчестер Јунајтед ја освои својата засега последна премиерлигашка титула.



