Од минатата недела Јосип Периќ е нов ракометар на Еурофарм Пелистер. Босанскиот репрезентативец кој настапува на позицијата среден бек потпиша двегодишен договор со битолскиот клуб. Доаѓа од германски Гепинген и ќе ја зголеми босанската група ракометари во Битола.
„Ме контактира тренерот Бабиќ, ми ја објасни визијата и сите детали за клубот. Потоа стапив во контакт со претседателот Стерјев. Брзо се договоривме за сите детали. Со нетрпение чекам да го облечам дресот на Еурофарм Пелистер. Разговарав со Вегар и Граџан. Тие имаа само пофалби за клубот, а особено за навивачите и атмосферата. Во Романија играв со Кукоски, Олески и Кузманоски и едвај чекам повторно да играме заедно“, вели Периќ.



