На денешен ден (13 април 2016), легендарниот Коби Брајант го одигра својот последен НБА натпревар во кариерата. Коби, речиси цела кариера ја помина во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, а токму за овој тим го одигра и последниот меч. Последен „пациент“ на „Црната мамба“ беше Јута Џез. Тимот од Солт Лејк Сити го загуби натпреварот со 101-96, а Коби постигна неверојатни шеесет поени. Во четвртата четвртина, Брајант сам успеа да го надигра целиот противнички состав односно постигна 23 поени во споредба со 21 на Јута.
Бројот од шеесет поени ќе остане запаметен во историјата. За Коби, тој број беше највисок на постигнати поени во сезоната кога неговиот тим го забележи најлошиот клупски учинок во историјата (17-65). Коби, воедно стана и најстар играч кој постигнал шеесет поени на еден натпревар со 37 години и 234 дена, а исто така е единствен играч кој постигнал шеесет поени на својот последен натпревар.



