Надеж-(Hope) е музички проект кој започнав да го работам од неодамна за мое лично задоволство. Инспириран од ситуацијата во која се наоѓаме, вишокот слободно време го искористив да се посветам и да почнам да го реализирам.Се работи за обемен и долг проект, процес на кој му треба време, но се надевам дека еден ден ќе го чујам на голема сцена со голем број солисти како музичко сценски перформанс.Затоа решив да споделам дел од музиката и со вас. Текст за Надежта го напиша мојата Maja Andonovska Ilijevski сестра, а мојот другар Sergej Svetozarevсе погрижи за видеото. Ним им сум бескрајно благодарен бидејќи вака делото го добива комплетниот сјај.Ако ви се допаѓа – споделувајте, направете Subscribe на мојот нов канал на Youtube каде што ќе ги слушате сите новости и музички теми околу овој проект.