Се поизвесна е размената на фудбалери помеѓу Манчестер Сити и Јувентус. Италијанскиот гигант поради пандемијата се наоѓа во непријатна лоша фунансиска ситуација и ќе се обиде преку трампа да ги засили своите редови.
Од друга страна Пеп Гвардиола на дел од своите фудбалери му нема дадено адекватна минутажа, а таков е случајот со бразилскиот напаѓач Габриел Жезус.
На лето во летниот преоден рок се очекува ,,Граѓаните” и ,,Старата дама” да склучат договор и да трампаат фудбалери. Бразилското крило во Јувентус Даглас Коста ќе биде понуден за размена со неговиот сонародник од спротивниот табор Габриел Жезус. Штом започне трансфер периодот го очекуваме епилогот од оваа размена помеѓу двата тима.



