(Август 2014 година) Металург го победи Вардар со 25:19 (12:8) во финалето на 42-от Меѓународен турнир во Струга пред преполните трибини на отвореното ракометно игралиште на Женска плажа.
Лино Червар на овој меч не сметаше на Станиќ, Мојсовски, Миркуловски, додека Павел Атман помина само неколку минути на теренот. Вардар, во чии редови настапија Штербик, Душебаев, Карачиќ, Тоскиќ, Дибиров, Брумен…не успеа да се справи на овој меч против ударната бековска тројка на Металург, Борозан- Циндрич- Липовина кои делуваа доста добро.
ВАРДАР – МЕТАЛУРГ 19:25 (полувреме 8:12)
Исклучувања: Вардар 12, Металург 12 минути
Седмерци: Вардар 4/10, Металург 3/3
Играч на мечот: Мирослав Коциќ (Металург)
ВАРДАР: Штербик 6 одбрани Милиќ 9 одбрани, Лацковиќ 0/1, Брумен 2/4, Прибак 3/3, Терзиќ 1/2, Тоскиќ, Горбок 2/4, Марковиќ, Карачиќ 6 (3) / 11, Душебаев 0 / 4, Абутовиќ, Лазаров, Дибиров 3 (1) / 7, Чипурин 0/2, Стоилов 2/4
МЕТАЛУРГ: Коциќ девет одбрани и пет седмерци, Митревски 1 одбрана, Ојлески, Липовина 4/5, Георгиевски 1, Вугринец 7 (2) / 9, Манасков 0/4, В. Марковски, Н. Марковски, Јоновски, Атман 1/2, Циндриќ 6 (2) / 9, Кукоски, Борозан 4/9, Пешевски 1/1, Ѓукиќ 1/2