Првиот денешен натпревар од првото коло на новата АФЛ сезона го одиграа екипите на Норт Мелбурн Кенгарус и Ст. Килда Сеинтс. Ст. Килда имаше потполна резултатска контрола и предност во првото полувреме кое го доби со навидум убедливи (2.2) 14-43 (6.7). Во второто полувреме, на теренот беше присутна потполно друга слика. Имено, Норт Мелбурн го доби вториот дел со (6.6) 42-11 (1.5) после одлична игра и стигна до вкупната победа од (8.8) 56-54 (7.12). Најефикасен играч на натпреварот беше дебитантот Макс Кинг (Ст. Килда) со учинок од (2.1) односно тринаесет поени.



