Екипата на Њукасл Најтс, откако во првото коло ги совлада Нов Зеланд Вориорс, денес ја запиша и втората победа во низа од второто коло на оваа НРЛ сезона. Овој пат, жртвата беа Вестс Тигерс кои на домашен терен беа надиграни со 24-42. Натпреварот беше неизвесен сè до шеесеттата минута, а Њукасл со серијата од 0-16 во последните дваесет минути дојде до посакуваната победа. На овој меч паднаа дури дванаесет есеи, а најефикасен беше Туала од редовите на Најтс со две полагања.