Винипег Џетс и Аризона Којотис се само два од шесте тимови кои се борат за последните три позиции кои водат во плејофот во Западната конференција. Токму тие две екипи ги одмерија силите денес во „Бел МТС Плејс“ во Винипег, Манитоба. Гостите од Аризона постигнаа два гола во првата третина којашто ја добија со резултат од 0-2, а двоен стрелец беше Ник Шмалц. Во наредните две третини, Аризона не успеа повторно да ја затресе мрежата на Конор Хелебујк, додека Винипег постигна по два гола во секој период. Најпрво, во вториот дел поентираа Николај Ехлерс и Такер Пулман, а во третиот – Коди Екин и Марк Шајфеле. Конечниот резултат изнесуваше 4-2 за Винипег.
Аризона го запиша својот втор последователен триумф, додека Џетс дојдоа до третата врзана победа. На табелата, Винипег е седмопласиран со 78, а Аризона е на единаесеттото место со 74 поени.



