Едмонтон Оилерс и Вегас Голден Најтс се соочија во битката за третото место во Западната конференција. Дуелот беше исполнет со добри шанси, но на крај, Вегас славеше со 2-3 после продолжение.
Во регуларниот дел, головите паѓаа напоредно – Едмонтон водеше двапати, а Вегас двапати успеа да израмни. За Оилерс погодија Алекс Кисон и Рајан Нуџент-Хопкинс, додека за Вегас прецзини беа Николас Рој, Џонатан Маршесолт и Шеј Тиодор.
Двата досегашни меѓусебни дуели во 2020 беа во корист на Вегас, а со денешниот триумф, „Златните витези“ направија серија од единаесет победи на последните тринаесет натпревари. Од друга страна, Едмонтон го запиша вториот пораз на последните три мечеви. На табелата, Вегас остана на третото место со предност од три поени во однос на денешниот соперник.



