Екипите на Голден Стејт Вориорс и Лос Анџелес Лејкерс ги одмерија силите во синоќешниот дуел во „Чејс Центер“ во Сан Франциско. Лејкерс важеа за голем фаворит и со победата од 86-116 ја оправдаа фаворитската улога. Од друга страна, Голден Стејт е во неверојатно очајна серија, воедно и очајна сезона, каде што од последните дваесет натпревари издвои само три победи. ЛА Лејкерс ја забележаа својата седма победа во низа и остануваат на врвот на Западната конференција. Интересен е фактот што на овој натпревар, ниту еден играч не забележа дабл-дабл или трипл-дабл учинок. Најефикасни беа Ентони Дејвис (ЛА Лејкерс) и Ерик Пашал (Голден Стејт) со по дваесет и три поени.



