Екипата на Торонто Мејпл Лифс се соочува со најважниот период од сезоната – борбата за плејоф. Откако, пред десетина дена, го претрпеа најзасрамувачкиот пораз од Питсбург, само два дена подоцна успеаја да се одмаздат и да почнат со својата препознатлива игра од минатата сезона. Сепак, борбата за плејоф им е доста отежната бидејќи на минатиот натпревар се повреди Џејк Мазин – еден од клучните играчи на тимот.
Синоќа, „Јаворовите лисја“ ги одмерија силите со екипата на Флорида Пантерс – еден од главните конкуренти за влез во плејоф. Избраниците на Шелдон Киф стигнаа до најважната победа во овој дел од сезоната совладувајќи ги домаќините со 3-5. После првата третина, резултатот изнесуваше 3-3. За Флорида, головите ги постигнаа Марк Писик, Мајк Хофман и Ноел Ачари, додека за Торонто погодија Зек Хајман, Каспери Капанен и Остон Метјуз. Претставниците на Канада дојдоа до победата со двата гола постигнати во третата третина кои беа дело на Вилијам Ниландер и Џастин Хол.
Со оваа победа, Торонто изби на седмото, а Флорида падна на единаесеттото место во Источната конференција.



