Аризона Којотес и Тампа Беј Лајтнинг ги одмерија силите во најефикасниот натпревар од неделниот термин. „Којотите“ славеа со неверојатни 7-3. Стрелци на головите за Тампа Беј беа Ентони Сирели, Ондреј Палат и Брејден Поинт, додека, победата на Аризона ѝ ја донесоа Конор Гарланд (2), Клејтон Келер (2), Карл Содерберг, Бред Ричардсон и Дерек Степан.
За Тампа Беј, ова е втор последователен пораз откако, пред два дена, загубија со 5-3 од Вегас Голден Најтс. Од друга страна, Аризона ја прекина својата серија од два порази и се искачи на седмото место на табелата во Западната конференција. Тампа Беј и покрај поразот, останува второпласиран тим на Истокот.



