Во најизненадувачкиот дуел од саботниот вечерен термин, силите ги одмерија Њу Џерси Девилс и Вашингтон Капиталс. До победата дојдоа Девилс со изненадувачки резултат од 3-2. Головите за домаќините ги постигнаа Јеспер Брат, Вејн Симондс и Дејмон Северсон, а за гостите погодија Том Вилсон и Алекс Овечкин.
Голот на Овечкин беше вкупно седумстоти во неговата кариера. Русинот, кој беше драфтуван од Вашингтон во 2004 како прв пик, влезе во друштвото на седум други хокеари кои ја надминале оваа бројка. Поредокот на таа табела е следен:
1. Вејн Гретзки (894 голови)
2. Горди Хау (801 гол)
3. Јаромир Јагр (766 голови)
4. Брет Хал (741 гол)
5. Марсел Дион (731 гол)
6. Фил Еспосито (717 голови)
7. Мајк Гартнер (708 голови)
8. Алекс Овечкин (700 голови)



