Екипата на ЛА Клиперс го запиша четвртиот пораз на последните пет натпревари откако синоќа, на домашен терен, беше поразена од Сакраменто Кингс. Сакраменто имаше контрола на резултатот речиси цел натпревар и на крај успеа да слави со 103-112. Најефикасен играч на натпреварот беше Каваи Ленард со триесет и еден поен, осум скокови и пет асистенции. Од тимот на Сакраменто, најефикасен беше Кент Баземор со дваесет и три поени, шест скокови и една асистенција. Богдан Богдановиќ (Сакраменто) имаше солиден учинок од дваесет поени, пет скокови и две асистенции, а единствен играч со дабл-дабл учинок беше Ивица Зубац (ЛА Клиперс) кој забележа осум поени и петнаесет скокови.
После овој натпревар, Клиперс остануваат на третата позиција, додека Сакраменто го завзема дванаесеттото место на Западот.



