Во рамките на на 25. коло од италијанскaта Серија А, на гостински терен Јувентус дојде до победа од 1:2 против Спал. Сепак до израз дојде новото рекордно постигнување на Кристијано Роналдо.
Португалецот постигна погодок во 39 минута за во тој момент водство од 0:1 и со тоа го израмни рекордот од сезоната 1994/95 на Габриел Батистута и од минатата сезона на Кваљарела со 11 по ред натпревари во првенството да постигнува барем по еден погодок. Воедно имаше уште еден јубилеј, односно Роналдо го одигра илјадитиот натпревар во кариерата.



