Екипите на Питсбург Пенгуинс и Бафало Сејбрес го затворија саботниот вечерен програм на НХЛ со меѓусебниот дуел одигран во „ППГ Пеинтс Арена“ во Питсбург. Гостите славеа со 2-5 иако, во пресрет на натпреварот, важеа за аутсајдери. Веќе после првата третина, резултатот изнесуваше 0-3, а серијата ја отвори Земгус Гиргенсонс после само четиринаесет секунди. Сем Рајнхарт и Џек Ајхел ги постигнаа другите два погодоци. Во втората третина, Питсбург намали на 1-3 преку Евгени Малкин, а во средишниот дел на третата третина, резултатот изнесуваше 1-5. За Бафало, уште еднаш во листата на стрелците се запиша Ајхел, а четвртиот гол беше дело на Џеф Скинер. До крајот, Питсбург успеа само да намали на 2-5 и тоа повторно преку Малкин.
Питсбург го забележа вториот пораз во низа, но сепак останува на третата позиција, додека Бафало е тринаесеттопласиран тим во Источната конференција.



