Јувентус неочекувано загуби на гостувањето против Хелас Верона со 2:1, иако гостите имаа водство од 0:1 со голот на Кристијано Роналдо во 65. минута кој пак сруши клупски рекорд постигнувајќи голови на десет натпревари по ред каде што го претекна Давид Трезеге кој остана на девет погодоци по ред.
Сепак резултатот дојде до целосен пресврт, најпрвин Борини во 76. минута израмни на 1:1, додека Пацини постигна победнички гол од пенал во 86. минута и со тоа ја врати неизвесноста во Серија А за врвот на табелата.



