Во “Македонското” дерби во Австрија екипата на Линц на Никола Костески и Горан Крстевски славеше на гостувањето кај Брегенц на Влатко Митков со 25-32 (полувреме 11-15).
Најефикасен кај победникот беше Никола Костески со 6 погодоци, а денес одличен беше и Горан Крстевски со 4 гола. Кај Брегенц вообичаено помеѓу најдобрите беше Влатко Митков со 5 голови.



