Се одигра најголемото дерби на Португалија, големото градско Лисабонско дерби. На стадионот ,,Драгао” домашниот тим на Порто поведе уште во 10. минута со одличниот гол на Серџио Оливеира, водство кое не траеше долго затоа што во 18. минута напаѓачот на гостите Карлос Винициус израмна на 1:1.
До крајот на полувремето најпрвин во 38. минута Порто го врати водството со голот на Алекс Телеш од пенал, додека на полувреме се замина со 3:1, а тој резултат го постави Диаш со автогол во 44 минута.
Веднаш на стартот на вториот дел резултатската неизвесност ја врати повторно Карлос Винициус за 3:2 во 50 минута резултатот кој остана непроменет и по истекот на сите 90 минути.
Со овој голем триумф Порто ја намали негативата на минус четири бода од Бенфика, односно сега на врвот е Бенфика со 54 бода, додека Порто е втор со 50 бода на контото на табелата.



