Македонскиот млад интернационалец, Лука Здравковски овој зимски преоден рок се реши за можност да напредува и се реши да се приклучи во ФК Бродарац клуб од Београд, воедно и академија која што е една од најдобрите во Европа за млади фудбалери.
Бродарац се натпреварува во првата младинска лига на Србија, а оваа сезона повторно е во тесна борба за шампионската титула заедно со тимовите на Црвена Звезда и Партизан.
javisejuzna.mk стапи во конатакт со Лука Здравковки и ја доби следнава изјава: ,,Да направив трансфер во Бродарац кој е клуб од Београд и кој што е една од најдобрите академии во Европа за млади фудбалери. Условите се супер и се баш какви што треба да има еден врвен спортист. Тренажниот процес е супер во моментов и сме во фаза на подготовка за вториот дел од сезоната каде што ни следат пријателски натпревари и потоа влегуваме во завршни подготовки за она што не очекува во вториот дел од сезоната, а тоа е борба за титулата со Црвена Звезда и Партизан” – кажа на крај Здравковски.



