Македонскиот бек Дарко Димитриевски во реванш натпреварот од Копа дел Реј со својот Синфин Сантандер славеше над Бенидорм со резултат од 36:31.
Сепак ова беше само пирова победа затоа што на првиот меч неговиот тим загуби со шест гола разлика и само за еден гол пропуштија можност за пласман на големиот Ф4 турнир.
Димитриевски беше расположен за игра и постигна седум гола, воедно и беше најдобар стрелец во својот тим. На македонскиот ракометар му преостануваат уште натпреварите во Асобал лигата и можноста за што подобар пласман во лигата.



