Младата репрезентативка на Македонија до У-19, Бојана Петкова направи трансфер од ЖФК Кочани во тимот на ЖФК Истатов од Дојран.
Петкова игра во нападот има голем потенцијал, а во овој зимски преоден рок се реши да ги смени клупските бои и да ја одбере подобрата понуда и можноста за напредок во кариерата.
javisejuzna.mk по повод трансферот стапи во контакт со Петкова и ја добивме следнава изјава: ,,Овој зимски преоден рок решив да ја променам средината се со цел фудбалски да напредувам. Имав неколку понуди од клубовите во прва лига, но се одлучив за понудата од ЖФК Истатов кои беа најконкретни и ми понудија најдобри услови”.



