На денешниот првенствен натпревар од Серија А каде што се соочија Милан и Верона со одигран нерешен резултат од 1:1 вниманието го привлече деби настапот на Даниел Малдини кој влезе во игра во судиското продолжение и е син на прославениот капитен на Милан Паоло Малдини.

Овој натпревар е само продолжување на династијата во Милан на семејството Малдини што започна уште од 1954 година и настапот на Чезаре Малдини кој играше се до 1966 година и помина цели 12 години во тимот каде што со одиграни 412 натпревари и освои 6 трофеи.

По него традицијата ја продолжи неговиот син Паоло Малдини кој настапуваше во период од 1984 до 2009 година и во овој 15-годишен период настапи на рекордни 902 настапи и освои фантастични 25 пехари.

На денешен ден редот му дојде за деби настап на Даниел Малдини кој е син на Паоло Малдини. Најмладиот член на семејството има само 18 години и 85 дена и стручњаците на ,,Апенините” го оценуваат како еден од најдобрите дефанзивци во светот кој во иднина треба да го покаже својот квалитет кој го поседува и да го оправда реномето и авторитетот на презимето ,,Малдини”.



