По доминантната игра на Манчестер Сити во првиот дел на гостувањето против Тотенхем и неискористените шанси каде што Гундоган нереализираше удар од белата точка како и нереализираните шанси на Серхио Агуеро, во вториот дел по заработениот втор жолт картон на Зинченко и фудбалерот помалку во поле на ,,Граѓанитеа” домашните фудбалери стигнаа да казнат и да постигнат два гола за триумф од 2:0.
Јунак на мечот беше новото засилување на Тотенхем Бергвајн во 63. минута кој дојде од тимот на ПСВ Ајдховен и веднаш на деби настапот постигна фантастичен волеј погодок за деби од соништата, до крајот на натпреварот Сон Мин во 71 минута ги постави конечните 2:0 за Тотенхем.



