На крилјата на македонскиот репрезентативец Кире Лазаров, тимот на Нант се пласира во 1/4 финалето во купот на Франција, елиминирајќи го тимот на Шамбери со резултат од 27:24.
Лазаров имаше блескав настап и беше најзаслужен за триумфот на Нант со постигнатите свои седум погодоци, воедно беше најдобар стрелец на мечот.
Наредниот противник ќе се бара помеѓу тимовите кои се пласираа во наредна фаза а тоа се: ПСЖ, Екс, Данкерк, Монпелје, Кретеј, Иври и Шатр.



