Смртта на Коби Брајант длабоко ја потресе спортската јавност. Легендата на ЛА Лејкерс неочекувано го напушти овој свет, а во првиот натпревар на домашен терен, неговиот тим го дочека тимот на Портланд Трејл Блејзерс. Пред почетокот на натпреварот му беше оддадена почит на Коби Брајант, а сите играчи на „Езерџиите” беа претставени со името на легендарниот играч. За жал, Портланд славеше со 119-127 и им го нанесе единаесеттиот пораз на ЛА Лејкерс, кои и покрај ова, остануваат на првото место на Западот. Дамиен Лилард, од редовите на Портланд, беше најефикасен играч со 48 поени, 9 скокови и 10 асистенции. Од тимот на домаќините, најефикасен беше Ентони Дејвис со 37 поени, 15 скокови и 6 асистенции.



