Во финалето во женска конкуренција на првиот грен-слем турнир годинава, Аустралиан Опен, се соочија Гарбиње Мугуруза и Софија Кенин.
Ова беше прво грен-слем финале за Софија Кенин, која стана најмлада финалистка уште од 2008. Во 2008, Ана Ивановиќ стигна до финалето на Аустралиан Опен на возраст од 20 години и 81 ден. Кенин го повтори истиот учинок на 21 година и 78 дена, притоа станувајќи најмлада победничка на АО од истата година кога Ивановиќ, во финалето, загуби од Шарапова.
Од друга страна, Мугуруза знае како изгледа „вкусот” на грен-слем титула освојувајќи го Ролан Гарос во 2016 и Вимблдон во 2017.
На патот до финалето Мугуруза ги елиминира Роџерс, Томљановиќ, Свитолина, Бертенс, Павличенкова и Халеп, додека Кенин мораше да помине преку Тревисан, Ли, Жанг, Гоф, Жабер и Барти.
Во овогодинешното финале, првиот сет отиде во полза на Мугуруза освојувајќи го со 6-4. Во наредните два сета, Кенин успеа да ја консолидира својата игра. Американката ги освои и двата сета со 6-2 и успеа да направи пресврт и да стигне до својата прва грен-слем титула во кариерата !



