На денешната програма во светскиот куп на крос-кантри скијањето беа индивидуалните трки на 10 километри за жените односно 15 километри за мажите кои се оддржаа во Нове Место, Чешка. Кај жените, најбрза беше Терезе Јохауг којашто победи на оваа патека за прв пат после четири години. На второто место беше Наталија Непрјаева (+32.7), а на најниската позиција на подиумот се најде Хаиди Венг (+40.3). Пласманот во првите десет го комплетираа Дигинс, Хага, Остберг, Пармакоски, Лундгрен, Андерсон и Разимова. Утре, на програмата ќе биде потерата т.е. натпреварувањето кадешто ќе се пренесе предноста од денешната трка.
Кај мажите повторно славеше првопласираниот во генералниот пласман и актуелниот освојувач на Тур д Ски – Александер Болшунов. Русинот имаше слично издание како Јохауг во женската конкуренција и на утрешната потера ќе пренесе слична предност. На второто место заврши Ииво Нисканен (+24.3), а трет беше Сјур Роте (+40.0). Во првите десет, кај мажите, завршија и Мелниченко, Гајард, Хиваринен, Клебо, Кругер, Червоткин и Тонсет.



