Најдолгиот спуст во календарот во светскиот куп се оддржува во Венген, Швајцарија. Токму денес, на швајцарско тло победи миленикот на домашната публика – Беат Фојц. Ова е негова трета победа во кариерата на оваа патека. Зад себе, Швајцарецот го остави човекот кој победи на последните два спуста и е водечки во генералниот пласман во оваа дисциплина – Италијанецот Доминик Парис (+0.29). На третото место, со само две стотинки заостаток зад Парис, се пласира Германецот Томас Дресен. Во првите десет се пласираа и Маер, Кавиецел, Килде, Бенет, Крихмаер, Хинтерман и Вебер.



