понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Мотоспорт

Дакар 2020: Aнализа на цело рели во категоријата на мотоциклите

Епов Насе ✏️ Епов Насе
јануари 18, 2020
📁 Мотоспорт, Спорт

Дакар 2020 е првото издание на релито Дакар што се оддржало во Саудиска Арабија, а воедно и прво издание што се оддржало во Азија. Возачите се натпреваруваа во пет категории. Во продолжение следува анализа во категоријата на моторите.

Етапа 1:
Минатогодишниот победник, Тоби Прајс, славеше со само пет секунди предност пред Рики Брабек. На третото место, со четириесет секунди заостаток, заврши Австриецот Матиас Валкнер кој беше победник во 2018 и покажа константност во последните три сезони.

Етапа 2:
Тоби Прајс  изгуби 12 минути и падна на деветтото место во генералниот пласман.  Рос Бранч стана првиот победник на етапа од Дакар што доаѓа од Боцвана. Победникот од 2017, Сем Сандерленд, заврши како второпласиран и го превзема водството во генералниот пласман.

Етапа 3:
Адриен Ван Беверен продолжи со низата на несреќи што го затекнуваат на Дакар. Само четири километри по почетокот на етапата, Холанѓанецот доживеа пад и го заврши своето учество на релито. Кевин Бенавидес заврши на третата позиција со солидното возење кое го однесе во водството на краток период.  Игнасио Корнехо заврши второ место и се искачи на петтата позиција во генералниот пласман. На своето четврто учество на Дакар, младиот Чилеанец има шанси за подобрување на најдобриот краен пласман што го доби минатата година со седмото место. Рики Брабек победи на третата етапа и го превзема водството во генералниот пласман. Доколку го продолжи релито со ова темпо, ќе стане првиот Американец што го освоил Дакар со мотоцикл. Тоби Сандерленд заврши 15. и изгуби дури 21:21 минути.

Етапа 4:
Откако Ван Беверен доживеа несреќа на претходната етапа, Јамаха овде го изгуби и својот втор најквалитетен возач, Ксавиер Де Султре, заради повреда на зглобот. Одлична трка имаше и Жоан Бареда кој за жал изгуби 17 минути заради благ пад со својот мотор. Бенавидес заврши на второто место, а со својата константност изби на второто место во генералниот пласман: сите четири досегашни етапи ги заврши на првите четири места. Рики Брабек си го задржа водството во генералниот пласман со петтото место на оваа етапа. До својата прва победа во кариерата дојде Игнасио Корнехо, кој имаше 35 секунди предност пред Рос Бранч – претставникот на Боцвана. Фаворитите Тоби Прајс и Сем Сандерленд  добија заостаток од 2:59 и 4:49 минути и пад на четвртата и шестата позиција во генералниот поредок.

Етапа 5:
Сем Сандерленд доживеа стравотен пад после 182 километри и го заврши своето учество на Дакар 2020. Ова е негово петто откажување во седумте настапи на ова рели.  На петтата етапа славеше Тоби Прајс пред Чилеанецот Пабло Куинтанила (+1:12) и Ендру Шорт (+2:31). Рики Брабек каснеше 3:03 минути на четвртата позиција, но си го задржа првото место во генералниот пласман. Со оваа победа, Прајс изби на второто место во вкупниот поредок. Кевин Бенавидес ја прекина својата серија од четири последователни завршувања помеѓу првите четири возачи со освоеното деветто место, но останува при врвот во вкупниот пласман завземајќи ја третата позиција.

Етапа 6:
Одличната форма на Кевин Бенавидес беше запрена заради расипување на моторот. Аргентинецот изгуби речиси четири часа, а тоа му ја украде секоја надеж за вкупен триумф. Неговиот помал брат, Лучијано Бенавидес, заврши на петтото место со заостаток од пет минути. Корнехо заврши една позиција зад Лучиано Бенавидес (+5:16) и во генералниот пласман е на само две секунди од подиумот. Ендру Шорт направи неверојатен подвиг откако извоза голем дел од етапата без задна гума, а сепак заврши на 24. Место (+35:06). Тоби Прајс ја загуби втората позиција во генералниот поредок  од Пабло Кинтаниља кој заврши како четвртопласиран (+4:55). До втората етапна победа на овогодинешниот Дакар стигна Рики Брабек кој зад себе на подиумот ги остави Жоан Бареда и Матијас Валкнер, а ја зголеми и својата предност пред конкурентите во вкупниот поредок.

Етапа 7:
Денот го одбележи најнепосакуваната вест – смртта на Пауло Гонсалвеш. Португалецот го возеше своето 13. издание на Дакар, а дебитира во 2006. Во 2015, Гонсалвеш заврши на второто место зад Марк Кома, а во три други наврати забележа пласман во најдобрите десет. Гонсалвеш почина после здобиените повреди од падот на 276. километар од денешната етапа и, за жал, стана првиот возач кој починал на ова рели после 2015. До победата на етапата стигна Кевин Бенавидес пред Жоан Бареда (+01:23) и Матиас Валкнер (04:17). Во генералниот пласман, сè уште води Рики Брабек кој заврши на петтото место (+04:52), а зад него е тандемот од Чилеанците Куинтаниља и Корнехо.

Етапа 8:
Заради смртта на Пауло Гонсалвеш на претходната етапа, возачите на моторите и на четирициклите добија слободен ден за да се опорават психички од несаканиот настан.

Етапа 9:
Солидни перформанси за Рос Бранч (+5:30) и Рики Брабек (+3:55) кои завршија на петтото и четвртото место. Позади нив беа браќата Бенавидес со заостаток од околу шест минути. На третото место завшри Жоан Бареда (+2:42), а пред него, со заостаток од 1:54 минути, заврши Тоби Прајс. До првата победа на Дакар 2020 стигна Куинтаниља кој сега заостанува 20:53 зад првопласираниот во генералниот пласман, Рики Брабек, завземајќи ја втората позиција.

Етапа 10:
Заради силниот ветар, етапата беше скратена. Абдулах Ал Шати заради пад беше принуден да се откаже и од своето второ учество на Дакар. Минатогодишното деби го заврши неславно заради проблеми со моторот. На трката победи Жоан Бареда пред Брабек (+01:07) и Кевин Бенавидес (+02:31). Тоби Прајс заврши на четвртото место (+02:57), а петти беше Лусиано Бенавидес (+04:14). Куинтаниља изгуби цели шест минути и го зголеми заостатокот во однос на Рики Брабек во генералниот пласман на 25:44 минути. Бареда е трет во вкупниот поредок (+27:09), а зад него е Тоби Прајс (+28:33).

Етапа 11:
Рики Брабек загуби дури 11:48 минути, но остана во водство во генералниот пласман пред Куинтаниља (+13:56) и Тоби Прајс (+22:34) после оваа етапа. На етапата славеше Куинтаниља кој ја забележи втората победа во последните три дена, а Матиас Валкнер каснеше само девет секунди на второто место. Лучиано Бенавидес беше третопласиран (+2:48).

Етапа 12:
На последната етапа славеше Корнехо пред Брабек (+0:53) и Прајс (+2:25). Одлична трка имаа и браќата Бенавидес – Лучиано беше четврти (+3:09), а Кевин беше шести (+3:53). Помеѓу нив заврши  Чилеанецот Куинтаниља. Во генералниот пласман славеше Брабек со предност од 16:26 минути пред Куинтаниља и 24:06 минути пред Прајс. Брабек стана првиот Американец што славел на Дакар во оваа категорија.

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Завршен вкупен поредок:
1. Рики Брабек (40:02:36)
2. Пабло Куинтаниља (+16:26)
3. Тоби Прајс (+24:06)
4. Игнасио Корнехо (+31:43)
5. Матијас Валкнер (+35:00)
6. Лучиано Бенавидес (+37:34)
7. Жоан Бареда (+50:57)
8. Франко Каими (+1:42:35)
9. Скајлер Хаус (+2:04:01)
10. Ендру Шорт (+2:10:40)

Tags: БрабекДакарМотори
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Тенис: Прва домашна титула за Ешли Барти

Следна вест

Дакар 2020: Анализа на цело рели во категоријата на камионите

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Дакар 2020: Анализа на цело рели во категоријата на камионите

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.