Првопласираната тенисерка во светот, Ешли Барти, стигна до својата прва титула на домашно тло. Имено, Австралијанката славеше на ВТА турнирот во Аделаид кој важи за последен турнир пред првиот грен-слем во годината – Австралиан Опен.
Во финалето, Барти за речиси еден ипол час ја совлада Украинката Дајана Јастремска со 6-2 и 7-5. На патот до титулата, актуелната шампионка ги елиминира и Павличенкова, Вондрусова и Колинс.
Од друга страна, ова беше четврто финале за Јастремска која е родена во 2000 година. Тинејџерката се наоѓа на 24. позиција на ВТА листата.



