Поранешниот македонски репрезентативен голман до 21 година, Дејан Стојановиќ, вчера потпиша договор со англискиот клуб Мидлсброу на три ипол години. 26-годишниот голман е роден во Фелдкирх, Австрија, а сениорската кариера ја започна во австриски Лустенау. Во 2011, се пресели во Болоња, а во 2015 беше испратен на позајмица во Кротоне. Во 2016, услугите на Стојановиќ беа откупени од Ст. Гален кадешто бранеше сè досега. За швајцарскиот клуб запиша 51 настап, а дел од нив и во Лига Европа.
Мидлсброу беше принуден да доведе голман имајќи во предвид дека само 24 часа претходно, првиот голман, Дарен Рендолф, се врати во Вест Хем.
„Задоволни сме што успеавме да го доведеме Дејан. Откако Дерен (Рендолф) се приклучи во Вест Хем, важно беше да доведеме компетентност на голманската позиција.” – истакна тренерот на Мидлсброу, Џонатан Вудгејт.



