Натпреварот помеѓу ЛА Клиперс и Орландо Меџик заврши со победа на домаќините од Лос Анџелес со 122-95. Најефикасен играч беше Каваи Ленард кој со своите 32 поени му ја донесе победата на својот тим. Од тимот на Орландо, најефикасен беше Црногорецот Вучевиќ со 22 поени, 9 скокови и 4 асистенции. Сепак, натпреварот најмногу ќе остане запаметен по урнебесните движења на полицаецот кој на паузата си ги покажа јавно своите способности во танцување.



