Првиот четврт-финален натпревар т.е. првото конференциско полуфинале во НФК го одиграа Сан Франциско 49ерс и Минесота Викингс. 49ерс имаа слободен викенд во пресрет на овој дуел, а Викингс мораа претходно да ги елиминираат Њу Орлеанс Сеинтс. Сан Франциско ја имаше улогата на фаворит и ја оправда со доминантната игра и победата од 27-10. Колман постигна два, Бурн еден тачдаун, а два филд-голови и три екстра-поени постигна Гулд. За гостите, еден тачдаун постигна Дигс, а Бејли постигна еден филд-гол и еден екстра-поен. Во конференциското финале, Сан Франциско ќе биде домаќин на победникот од дуелот помеѓу Грин Беј Пекерс и Сиетл Сихокс.



