Тенеси Титанс беше екипата што направи сензација во вајдл кард рундата совладувајќи ги Њу Ингланд Патриотс на „Жилет Стадиум”. Синоќа, повторно беа „режисери” на нова сензација откако покажаа неверојатни перформанси против најдобрата екипа во регуларниот дел од сезоната – Балтимор Равенс. Равенс, во регуларниот дел имаа учинок од 14-2, а овој натпревар го одиграа на домашен терен. Сепак, „Титаните” славеа со неверојатни 12-28. За Равенс, поените ги постигнаа Харст преку тачдаун и Такер преку два филд-голови. Гостите постигнаа четири тачдауни преку четири различни играчи: Смит, Рејмонд, Дејвис и Танехил. Освен постигнатите поентирања, натпреварот изобилуваше и со одлични акции особено при два од четирите тачдауни на Титанс.



