Релито „Дакар” е натпреварување што се оддржува секоја година во јануари. Изминатите единаесет години, натпреварувањето се возеше во Јужна Америка, а оваа година, за прв пат во историјата, ќе се вози во Азија т.е. во Саудиска Арабија. 42. издание на Дакар ќе биде долго околу 7900 километри и ќе се вози во дванаесет етапи (од 5. јануари до 17. јануари) почнувајќи од градот Џедах, а завршувајќи во Кидија.
Традиционално и оваа сезона, возачите ќе се натпреваруваат со пет превозни средства. Овде спаѓаат моторите, четирициклите, автомобилите, камионите и класата СхС. Оваа година најмногу звучни имиња ќе има кај возачите на автомобилите – Насер Ал-Атијах, Калид Ал Касими, Тим Коронел, Стефан Петерхансел, Карлос Саинц и новајлијата Фернандо Алонсо.



