Неодамна, стручниот штаб на Евертон му даде отказ на Марко Силва, тренерот со кој клубот ја започна новата сезона. На негово место, како привремен тренер, беше назначен легендарниот Данкан Фергусон. Под негово водство, Евертон забележи победа над Челзи од 3-1, реми со Манчестер Јунајтед од 1-1 и елиминација од Лига Купот на пенали против Лестер. Низ медиумите кружеа голем број на шпекулации кои денес се покажаа како точни. Имено, Евертон на друштвените мрежи соопшти дека сезоната ќе ја продолжи под водство на Карло Анчелоти кој ќе биде придружен токму од Данкан Фергусон.
Анчелоти пред една седмица доби отказ од Наполи, а првиот меч со „карамелите” ќе го има на „Боксинг деј”, во четврток, против Барнли. Италијанецот потпиша договор на четири ипол години.
„Ова е голем клуб со богата историја и страствени фанови. Јасно се гледа дека сопственикот и стручниот штаб имаат за цел да освојат титули … Ги следев перформансите на тимот во изминатите неколку недели и видов дека играчите се способни за тоа. Работата што ја предводеше Данкан е одличен показател за неговите способности. Цврстата организација, цврстата дисциплина и правата мотивација се едни од клучните состојки во фудбалот и многу сум задоволен што ќе биде дел од мојот тим.” – изјави Анчелоти на прес-конференцијата за Евертон.



