Овој викенд, нордијците се натпреваруваа во Рамзау. Вчера, за прв пат оваа сезона, Риибер не победи после првата серија т.е. после скокот. Првиот „херој” беше неговиот сонародник Граабак, а Риибер се најде на второто место. Истото сценарио се случи и денес, но овој пат на највисокото место на пиедесталот после првата серија беше пласиран Еспен Бјорнштад.
Бјорнштад, во втората серија влезе со предност од 32 секунди пред второпласираниот Риибер и 39 секунди пред Рерл. Сепак, неговата послаба форма во трчањето го однесе дури на петтото место со 12.5 секунди заостаток. На првото место заврши Винценц Гајгер, а Риибер беше второпласиран со 1.6 секунди послабо време. Подиумот го затвори Рисле, а четврти беше Френцел. Вчерашниот победник, Граабак, беше седми, а веднаш пред него заврши Грајдерер.



