На само две кола до крајот во јапонската Ј1 Лига, ситуацијата за титулата е мошне неизвесна и интересна. Од првите три тима што се бореа за титула, само Јокохама забележа победа на денешниот натпревар. „Маринерс” славеа со 0-1 во Јамага, додека Кашима ремизираше со 0-0 во Хирошима.
Третиот тим што во пресрет на ова коло беше првопласиран е Токио ФК. Играчите од главниот град на Јапонија, на домашен терен, потполно неочекувано се мачеа против расположениот тим на Шонан кој се бори за опстанок. Шонан поведе во 36. минута преку Матсуда и го држеше водството сè до последните минути на натпреварот кога штоперот на домаќините, Масато Моришиде, го постигна својот втор гол оваа сезона. Голот беше спектакуларен и можете да го погледнете во прилог:
What a goal by Morishige in 94th minute !
Tokyo FC 1-1 Shonan pic.twitter.com/WLHCn2A95c— Nase Epov (@epov88) November 23, 2019
Ситуацијата на две кола до крајот во јапонската најјака лига е следната:
1. Јокохама (64 поени и гол-разлика 61:37)
2. Токио ФК (63 поени и гол-разлика 45-25)
3. Кашима (60 поени и гол-разлика 52-27)



