Натпреварот што го отвори 17. коло од Чемпионшип беше одигран во Лондон помеѓу две лондонски екипи – Фулам и КПР. Фулам славеше со 2-1, но најпрво, КПР поведе уште во петтата минута со осмиот гол на Хагил оваа сезона. Во продолжение беа прокоцкани многу шанси и од двете екипи, но Фулам успеа да израмни, а во 64. минута и да поведе преку првите два гола оваа сезона на Абубакар Камара попознат како „АК-47″ поради своите иницијали и бројот на дресот. Ова беше трето лондонско дерби за Фулам во првите 17 кола, а со оваа победа се искачи на четвртата позиција со натпревар повеќе во однос на конкурентите. КПР се наоѓа на десеттото место и на само четири поени од позиција што води во плејофот.



